Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКонсумацијата на илегална ракија усмрти најмалку 8 лица во Истанбул

Консумацијата на илегална ракија усмрти најмалку 8 лица во Истанбул

Во последните четири дена во Истанбул починале најмалку осум лица,а уште 19 се во критична состојба поради консумирање на турската ракија „раки“ за која се смета дека била помешана со смртоносна доза метил алкохол, пренесуваат медиумите од Франција.

Овој силен алкохолен пијалок се прави од анис, а турските весници наведуваат дека полицијата започнала со апсење на осомничените кои се сметаат за произведувачи на смртоносната ракија. Сличен случај имаше и во 2005 година кога починаа 22 лица од консумирање илегален алкохол.