Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКонституиран одборот за акредитација и евалуација – кој ќе оценува?

Конституиран одборот за акредитација и евалуација – кој ќе оценува?

Конституиран Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, под чија надлежност е обезбедувањето и оценувањето на квалитетот на високото образование во Република Македонија. За претседател на Одборот од страна на членовите е избран академик проф. д-р Горазд Росоклија.

Новиот состав брои 23 члена, од кои девет од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, соодветно на застапеноста на универзитетите според нивното учество во вкупниот број на прв пат запишани студенти во студиска година, два члена од Македонската академија на науките и уметностите, еден претставник на најрепрезентативното тело на работодавачите, два членa од интеруниверзитскиот парламент на студентите и девет члена именувани од Владата на Република Македонија, од кои најмалку шест се од редот на професорите на високообразовните установи. Членовите на Одборот имаат мандат во траење од четири години.