HomeДЕНЕШНАРегионКонституиран хрватскиот Сабор, за претседател избран Божо Петров

Конституиран хрватскиот Сабор, за претседател избран Божо Петров

Во Загреб вчера беше конституиран деветиот состав на Саборот, а за претседател, како што беше предвидено со коалициски договор, е избран лидерот на Мост, Божо Петров.

Тој нагласи дека вонредните парламентарни избори во Хрватска потврдиле определување на гласачите да се обезбедат реформи што ќе запрат иселување.

„Тоа е можно само со конструктивна критика, аргументирани расправи, усогласување интереси и зрело политичко одлучување како и отфрлање на непотребни поделби“, рече Петров во обраќањето до пратениците.

Тој вети дека функцијата ќе ја извршува чесно и објективно. Петров беше единствен кандидат, а од 145 присутни пратеници, за негов гласаа 132.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com