Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКонкурс за петдневен тренинг за изведба на уметност „Во чевлите на бегалиците“

Конкурс за петдневен тренинг за изведба на уметност „Во чевлите на бегалиците“

Објавен е повик на тренинг за изведбена уметност од страна на МОФ. Целта на ова е е да ги поттикне учесниците да размислуваат за човековите права и да научат повеќе за современите предизвици на општеството, социјалните проблеми на маргинализираните заедници, за дискриминацијата врз бегалците. Во текот на овој процес, оние кои ќе учествуваат ќе бидат повикани и мотивирани да споделуваат идеи, да работат индивидуално и во групи и конечно, заедно да создадат претстава.Темите кои ќе бидат опфатени со обуката и претставата ќе бидат тековната бегалскакриза и миграција.

Работилницата ќе се одржи од 3 до 7 март, 2016 година, а кандидатите што сакаат да учествуваат во неа треба да ги исполнат следниве критериуми:
– Да бидат на возраст од 16 до 20 години;
– Да имаат интерес да научат како се создава театарска претстава и да учествуваат во неа;
– Да бидат вклучени активни и заинтересирани за унапредување на општеството;
– Да може да учествуваат на сите денови на тренингот;
– Да може да учествуваат на пробите и изведбата на претставата кои ќе се одржат по тренингот.

Бројот на учесници е во ограничена бројка, a самото учество е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик со искусни тренери на човековите права, театарот и избедбените уметности. По завршувањето на тренингот, усовршувањето на оние кои се пријавиле, самите учесници ќе треба да земат учество во подготовките и пробите пред изведба на претставата која се планира да има премира на 26 мај.

Заинтересираните треба да аплицираат до 19-ти февруари 2016 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. За повеќе информации обратете се на petar_antevski@mof.org.mkили контактирајте ја самата организација на : 02/3139 692. Оние кои ќе бидат изберени ќе бидат известени накнадно.

Инаку, оваа активност е организирана од МОФ во рамки на проектот: „Во чевлите на бегалците: Младинска солидарност преку МедиаАрт“.