Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКонгресот на СДСМ на 27 мај, детали не се откриваат

Конгресот на СДСМ на 27 мај, детали не се откриваат

Редовниот 22. конгрес на СДСМ, за кој вчеравечер информираше партијата известувајќи дека е одржана седница на централниот одбор, ќе се одржи на 27 мај, објаснија од СДСМ за „Мета“. Во вчерашното соопштение беше само наведено дека е утврден датумот, но тој не беше наведен.

Од СДСМ, сепак, не сакаа да откријат повеќе детали за содржината на конгресот и за тоа каде ќе се одржи.

– Сепак, да ги оставиме тие работи за подоцна, ќе ја информираме јавноста кога ќе дојде време – ни изјавија од СДСМ.