HomeДЕНЕШНАПолитикаКонгрес на опозицијата – објавени пратеничките листи

Конгрес на опозицијата – објавени пратеничките листи

zaev puc

Скроени пратеничките листи на СДСМ за претстојните избори закажани за 11-ти декември. Опозицијата на 21-от Конгрес во хотелот Александар Палас во Скопје вечерва ги обелодени носителите на листите.

Поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е носител на првата изборна единица, а потоа на листата следуваат Рената Дескоска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. На оваа листа се двајца непартиски кандидати: Павле Богоевски од Шарената револуција кој е на петотто место и Ивана Туфегџиќ на деветтото.

Во втората изборна единица носител е актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Потоа следуваат Фросина Ременски и Мухамед Зекири. На петтото место на оваа листа е предложен професорот Ферид Мухиќ.

Во третата изборна единица, покрај носителот Љупчо Николовски кој е дополнителен заменик министер за земјоделство, се и Благој Бочварски и Јагода Шахпаска. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на чело на четвртата изборна единица, а зад него се неговите сопартијци Хари Локвенец и Катерина Кузмановска.

Во петтата изборна единица носител е потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска која е во друштво со Александар Кирацоски и Томислав Тунтев. Овде Ирена Стефковска е предложена како непартиска кандидатка. Во шестата изборна единица предводник е портпаролот на партијата Петре Шилегов. На второто место е Ѓулумсер Касапи како непартиски кандидат, а следуваат Благојче Трпески и Даријан Сотировски. На листите на СДСМ предвидени се и колациските партнери на партијата.

Заев од Конгресот порача дека овие пратенички места отвораат место за сите. Дека е тешко да се донесат но сепак ги нарече победнички. Опозицискиот лидер рече дека целта им е да создадат блескав парламент во кој народот ќе има власт, а во кој ќе има место за сите.

Сепак, името на Ферид Мухиќ предизвика несогласување од дел од јавноста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com