Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнКонференција за подобрување на образованието во дизајнот во Јавна соба

Конференција за подобрување на образованието во дизајнот во Јавна соба

Денес во Јавна соба со почеток во 17.00 часот започнува конференција на тема подобрување на дизaјн образованието во Европа. Реномирани дизајнери, професори по дизајн, дизајн менаџери и претставници од деловниот сектор нудат решенија за подобрување на дизајн образованието во Европа со цел дипломираните дизајнери да станат поатрактивни на пазарот на трудот.

Искуствата од  неколку земји низ регионот и централна Европа ќе бидат презентирани на дводневната конференција која наметнува прашања и теми кои ги тангираат и дизајнерите и компаниите. Темата е актуeлна од причина што во последниве 5 години се продуцираат голем број на дизајн кадри, но неизвесно е нивното вработување.

Почетна точка е анализата на сегашната состојба во регионот и Европа и проблемите со кои се среќаваат компаниите по вработување на дизајнер, па оттука се трага и по аномалиите во образовните програми во земјите. Принципот на образование се разликува од една до друга институција и во голема мера зависи од наставниот кадар кој го пренесува знаењето.
Основното прашање е со кои предизвици ќе се судрат дизајнерите во идните 10 до 15 години и дали со сегашното  образование тие ќе можат да одговорат на барањата и очекувањата на компаниите? Експертите од дизајн секторот очекуваат прагматични и применливи решенија  независно од степенот на развој на државите.

Конференцијата е дел од европскиот проект „Дизајн Пракса“ во кој учествуваат Јавна соба, Европски универзитет Р.М., компанијата Завар од Скопје, Хрватското дизајнерско друштво, ВЕРН’ универзитетот,  Просторија од Загреб  и  Дизајн Австрија – кровна дизајнерска асоцијација.

Резултатите од конференцијата во форма на прирачник за практична наобразба заедно со резултатите од работилниците кои следат во периодот  јуни – октомври, 2016 премиерно ќе бидат претставени на Неделата на дизајн во Скопје од  24. до 28.ноември, 2016 во дизајн центарот Јавна соба.