Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКонференција „Поддршка на жртвите на насилство – чија е одговорноста“ во Скопје

Конференција „Поддршка на жртвите на насилство – чија е одговорноста“ во Скопје

Националниот совет за родова рамноправност денеска организира конференција на тема „Поддршка на жртвите на насилство – чија е одговорноста“.

Конференцијата е дел од активностите на проектот „Ратификација на Истанбулската конвенција“, кој е финансиран од Европска Унија од ИПА 2 механизам за граѓански организации , спроведувано од МЦЕО (ЕУРОТИНК).

Конференцијата има за цел да придонесе кон подобрување на системот на заштита на жртвите од семејно насилство и пристап на правда за жените жртви на родово базирано насилство и ратификација на Истанбулската конвенција. На конференцијата ќе се дебатира со новоизбраните пратенички во Парламентот на Република Македонија, за ратификација на Истанбулската конвенција и нивните заложби и чекори кон ратификацијата, за институционалната одговорност со нивни претставници, како и соработката со граѓанските организации и др.

На конференцијата ќе биде презентирана анализата на усогласеноста на одредбите од Законот за превенција и заштита од семејно насилство со стандардите содржани во Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство изработена од НСРР. Исто така ќе бидат претставени институционалната заштита, сервисите и услуги од граѓанските организации за жртвите на насилство.