HomeДЕНЕШНАЕкономијаКонференција Иднината на енергетиката – каде Македонија и ЕУ се среќаваат

Конференција Иднината на енергетиката – каде Македонија и ЕУ се среќаваат

Аналитика, заедно со партнерите Еко-свест и Фронт 21/42 утре во ЕУ Инфо Центарот во 10 часот, ќе одржи конференција насловена Иднината на енергетиката – каде Македонија и ЕУ се среќаваат. Настанот е предвидено да биде дискусионен панел каде ќе се презентираат регионалните патокази за развојот на енергетските сектори на Југоисточна Европа, и тоа на следниве земји: Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Хрватска, со фокус на Македонија. Идејата е да покажеме дека е возможна алтернатива од сегашната состојба која е зелена, одржлива и ќе ја помага економијата.

Заклучоци од студиите се:

  • Движењето кон обновливите извори за снабдување со електрична енергија од Патот кон ЕУ е директно конкурентно по цена со зависноста од јаглен! Патот кон ЕУ е околу 49,9 млрд.ЕУР/год во просек за период од 35 год. или околу 2300 ЕУР/лице/год. Ова се споредува со јагленозависниот Пат кон Никаде кој чини околу 51,4 Млрд ЕУР/год во просек или 2380 ЕУР/лице/год. Проценките на трошоците се изразени како вистински милијарди евра/год без намалувања во периодот од 2010-2050 за трошоците на енергетскиот систем, вклучувајќи и капитални расходи, тековни трошоци, како и трошоци за гориво;
  • Развивањето на паметна мрежа и понатаму останува регионална критична цел и ја олеснува пошироката транзиција кон обновливи извори како составен дел на Патот кон ЕУ. Новите технологии, дефинирани од страна на доаѓањето на паметната мрежа, го подобруваат мониторирањето и контролата на системите за пренос и дистрибуција со поврзување на информативните мрежи и чворови. Со спојување на рутинските мрежни надградби преку подобрување на паметните мрежи, нашиот регион може да се развие како лидер во исполнувањето на целите на ЕУ за животна средина и климатски промени. Паметна мрежа е мрежа на информациски системи која користи комуникациски технологии преку интернет за да асистира со контролите и работењето на електричната мрежа во реално време;
  • Како е и како треба да изгледа енергетската слика на Македонија во 2050 година:
  • Просечната ефикасност на уредите и осветлувањето се очекува да напреднат за 45% до 2030 год (во споредба со 2005) и уште повеќе до 2050-та. Ние велиме дека е возможно да 35% од патничките/км бидат од плаг-ин хибридни возила и 45% од возила со нулта емисија како што се електрични и на горивни ќелии.

Понтаму говорници ќе бидат и претставниците на македонските и меѓународните институции, Агенцијата за енергетика претставена од нејзиниот директор господинот Александар Дуковски, од МАНУ, претставена од господинот Александар Дединец и ЕУ Делегацијата во Скопје. Темите кои ќе бидат разговарани се енергетската иднина на Македонија и на Европската Унија и дали се движиме во ист правец.

Овој настан е дел од регионалниот проект СЕЕ СЕП.

Цели на овој проект се:

  • Создавање на алтернативна политика за одржлива енергија за ЈИЕ преку креирање на енергетски модели и сценарија со користење на специфични алатки со цел да се дополнат и подобрат веќе постоечките документи;
  • Подигнување на свеста за влијанијата на тековните енергетски политики во споредба со алтернативните, ниско-јаглеродни одржливи политики врз сегашните и идните граѓани преку стратешко застапување и набљудување;
  • Обезбедување на висок квалитет на спроведените истражувања преку навремени консултации со сите чинители – граѓани, експерти и институции со цел да се поттикне дијалогот помеѓу владините институции, граѓанското општество и деловниот сектор.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com