HomeРЕФЛЕКТОРФилмКонечно нова улога за Чарли Шин

Конечно нова улога за Чарли Шин

Од Холивуд пристигнуваат вести дека е во подготовка комедија под назив „Mad Families“, која е во режија на Фред Волф, кој заедно со Дејвид Спејд го напишал ова остварување. Како член на актерската постава ќе се најде и Чарли Шин, што ќе значи и негово враќање на малите екрани. Покрај него, меѓу другите, во филмот ќе глумат и Лиа Ремини и Наја Ривера. Дејството во оваа комедија го следи Чарли Шин човек-дете со срце од злато и единствен поглед кон светот.

Во приказната е опфатен животот на три семејства, едно од нив е Латино, друго Афро-американско и третото семејство е од белата раса, кои ќе делат простор за кампување за време на викенд прославата на 4 јули. Во однос на тоа дека никој не сака да се откаже од тоа место, во обидат да останат во пријателски односи, ќе направат натпреварување за да го одредат победникот.

Ова ќе биде прва улога за Чарли Шин после објавата од пред девет месеци дека е ХИВ позитивен. Земајќи ја во предвид успешната телевизиска серија во која глумеше Чарли Шин „Two and a Half Men“, се надеваме дека и овој проект ќе биде исто така успешен за познатиот актер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com