HomeФЕР ПЛЕЈКонечно добри вести, здравствената состојба на Шумахер се подобрува!

Конечно добри вести, здравствената состојба на Шумахер се подобрува!

99102-shumaher-reagira-na-lekuvanjeto

Позитивна, иако не конкретна вест за состојбата на легендата во Формула 1 Михаел Шумахер дојде од поранешниот технички директор на “Бенетон” и “Ферари” Рос Браун.Како таков, тој имаше учество во освојувањето на 7-те титули од Германецот со двата тима. На крајот на 2013 година Шуми заработи тешка повреда на мозокот при скијање во Франција.

Во јуни 2014 година неговиот менаџер Кем објави дека Михаел излегол од кома и почнува долга фаза на рехабилитација. Оттогаш навивачите на Шумахер тимаат надеж да слушнат добра вест за неговата состојба.

“Има многу ветувачки знаци кај Шумахер. Секој ден се молиме тие да се зголемуваат. Семејството на Шумахер одлучи да ги чува во тесен круг случувањата околу лекувањето и јас сум должен да го почитувам тоа, така што повеќе не можам да кажам”, изјави Британецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com