HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонечно добри вести за Зидан!

Конечно добри вести за Зидан!

a53c79sad481609020160105233504

Реал Мадрид доби и една добра вест пред големото дерби со Атлетико Мадрид. Фудбалерите Атлетико и Реал Мадрид во сабота ќе се сретнат во големото дерби од 12 коло во рамките на шпанската Примера, а Зинедин Зидан го очекуваат големи проблеми кога е составувањето на тимот во прашање. Од порано е познато дека надвор од терените се Рамос и Касемиро, а на нив неодамна им се приклучија и Мората и Крос и тие сигурно ќе го пропуштат дербито.

Сепак, добрата вест е тоа што Бензема се опорави од полесна повреда и сигурно ќе се најде во стартните единаесет. ој ќе го предводи нападот на Реал Мадрид заедно со Бејл и Роналдо, а составот на Зидан би можел да изгледа вака: Навас, Карвахал, Рамос (Начо), Варан, Марсело, Модриќ, Иско, Ковачиќ, Бејл, Бензема, Роналдо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com