HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонечно добри вести за Барселона!

Конечно добри вести за Барселона!

464226_640

Џерард Пике, Џорди Алба и Жереми Матје се вратија од повреда и започнаа со тренинзи со првиот тим на Барселона, што значи дека ќе се најдат на списокот за натпреварот против Малага, кој се игра на 19 ноември. Пике, Алба и Матје нешто повеќе од три недели беа надвор од терените поради повреда, но од оваа недела повторно тренираат со тимот.

Ова е секако одлична вест за Луис Енрике кој минатата недела остана без Умтити. Покрај Французинот, Енрике уште не може да смета ниту на Андреас Иниеста, а доколку нема нови повреди останатите фудбалери ќе бидат достапни за клупските обврски после завршувањето на репрезентативната пауза.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com