Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосКонечно пронајдена близначка на планетата Земја

Конечно пронајдена близначка на планетата Земја

Истражувачите од Институтот за вонземска интелегенција при НАСА со голема гордост сооштија дека ја пронашле планетата близначка на Земјата со неверојатна сличност во составот и формата. На новата планета и е дадено името Kepler 452b и утврдено е дека се наоѓа во идеалната зона на нејзиното сонце со услови за постоење на течна вода, а со тоа и на жив свет.

kepler 452b

„Kepler 452b не носи еден чекор поблиску во поимањето на тоа колку многу населиви планети има во вселената“ оцени Џосеф Твикен, еден од главните научници на SETI програмата.

Првичните податоци за Kepler 452b се навистина импресивни, нејзиното сонце е за 10 проценти поголемо од нашето, годината на оваа планета трае 385 дена, а е за 60% поголема од Земјата.

Единствената поголема разлика е што нејзиното сонце е за 1.5 милијарди години постаро од нашето или вкупно 6 милијарди години и постои можност сончевата активност да е далеку посилна и посветла што би довело до испарување на океаните, а истата судбина не чека и нас за соодветниот временски период.