Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКонечно, место да се сечат дрвата ќе се пресадуваат

Конечно, место да се сечат дрвата ќе се пресадуваат

По огромен револт на јавноста за бесмисленото сечење на дрвја и соголувањето на градот за градежната експанзија, градските власти конечно купува машина со која дрвата се искоренуваат од локацијата, а потоа безбедно ќе може да се пресадат на друго место и да не се оштета.

masina drvo

„Градот Скопје ја набави новата машина за пресадување на дрвја за потребите на јавното претпријатие Паркови и зеленило. На возилото од марката IVECO е инсталирана дополнителна механизација и електроника за пресадување дрвја. Со користењето на ваква механизација при уредувањето на зеленилото, садниците ќе можат да се пресадат и транспортираат на брз и ефикасен начин, без притоа да се нанесе штета на дрвјата“, рече скопскиот градоначалникот Трајановски.

masina drvo1

Машината за пресадување на дрвја има четири лопатки во функција, кои додека се отворени достигнуваат дијаметар од 1,5 до 2,7 метри, додека кога се затворени широчината на дијаметарот е од 1,7 до 2 метри. При работна функција тежина на носивост на надградбата е од 2.350 до 2.700 килограми.

Со сечата на дрвата, барем тие кои се здрави и кои не сметаат на жителите трајно се уништува еколошката динамика на градот.