Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Кондоте“ работи на четири хидроелектрани во Македонија

„Кондоте“ работи на четири хидроелектрани во Македонија

Италијанската градежна компанија веќе има инвестирано 19 милиони евра за изградба на првата хидроелектрана на Ештеричка река, над Пробиштип, која ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба, соопштија од министерството за економија. kondote_0„Инвестицијата на „Кондоте“ ангажира многу локални компании што придонесе за развој на регионалната економија, но посебно радува фактот што иако компанијата влегува со само 19 милиони евра, претставува потенцијален инвеститор кој ќе продолжи да вложува во Македонија“, истакна министерот Незири.

Хидроелектраната на Ешеричка река е предвидено да произведува 400 киловати сруја годишно, а сите четири хидроелектрани според проценките ќе произведуваат 7,5 мегавати струја на годишно ниво. Исто така се разгледува можноста „Кондоте“ да започне да работи на проектите на „Чебрен“ и „Галиште“.