HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКонцертите на „Iron Maiden“ во Велика Британија без влезници!

Концертите на „Iron Maiden“ во Велика Британија без влезници!

Популарниот рок бенд „Iron Maiden“ воведе нови правила за сите оние кои сакаат да присуствуваат на нивните концерти во Велика Британија. Влезниците на какви сме навикнати, од сега нема да бидат потребни. Во обидите да се изборат против нелегалните дејства за време на рекламирањето на нивните предстоечки турнеи во Велика Британија, членовите на бендот „Iron Maiden“ воведоа правила кои се однесуваат на влез на концертите без печатени влезници.

Тоа значи дека публиката од сега нема да добива влезници, туку секој од нив ќе мора да се појави со сопствена фотографија и кредитна картичка на местото на одржување на концертот. Бендот се надева дека на овој начин ќе може да ја спречи препродажбата на влезници по пат на веб-сајтови по нереално високи цени.

iron-maiden

„На нашите обожаватели не сакаме да им продаваме крадени или фалсификувани карти кои можат да се најдат на страниците за продажба на влезници“, изјави менаџерот на „Iron Maiden“ Род Смолвуд. Бендот воведува и други мерки за спречување на вакви измами. Ограничувањето од четири влезници по лице е поставено од порано, а нивниот тим посветен на оваа проблематика и понатаму ќе ги следи трансакциите со сомнителни активности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com