Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамКонцепт за Chevrolet FNR – Фантазија преточена во реалност

Концепт за Chevrolet FNR – Фантазија преточена во реалност

Концептот на Chevrolet за ултра модерното возило FNR делува како да е превземено директно од сетот на некој научно фантастичен филм на Стивен Спилберг. Вградената технологија сепак, не е така нереална и дава силна надеж дека ќе биде имплементирана во блиска иднина.

Со заеднички конструкторски сили од дизајнерски, инженерски и електрични експерти, развојнaтa дивизиja на GM од Pan Asia Technical Automotive Center од Шангај се потпишува како автор на автономниот електричен концепт, FNR.

chevy-fnr-concept-2

Единствениот конвенционален елемент вграден во Chevrolet FNR се тркалата во кои се сместени електричните мотори. Возилото наменето за младите корисници, се движи само со помош на батерии кои пак можат да се полнат бесконтактно (со електрична индукција).

Останатата опрема е вон стандардните норми на кои сме навикнати, а краткиот опис би бил: возило кое ги обединува најдоброто од BMW i8 и Mercedes-Benz F 015. Системот од радари и камери му овозможува самостојно управување откако возачот ќе му ја одобри избраната најефикасна рута за дадената дестинација. По извршување на таа операција возачот и совозачот можат да ги завртат своите седишта за 180 степени и да уживаат во друштво со останатите патници.

ChevyFNROpen

Од технолошките додатоци убаво звучат и можноста за активирање на возилото преку ирисот на окото на возачот, ласерките светла, како и искористување на сончевата енергија за полнење на батериите.
Дизајнот е приказна сама по себе, во случајот како подршка на фото галеријата дадена подолу ќе го истакнеме отварањето на вратите кое конструкторите го опишуваат како “dragonfly dual swing doors“ а ние ќе го преведаме само како – двојни крилести врати.

Во потполност ќе ги разбераме сите оние кои со нетрпение ќе извикаат „го сакаме веднаш“!

Извор: autoinfo.mk