Sunday, May 28, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионКомунистот Ципрас ќе предложи секуларна Грција

Комунистот Ципрас ќе предложи секуларна Грција

CIPRAS

Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи промени на Уставот заради, како што изјави, воведување „директна демократија“ така што граѓаните ќе избираат шеф на државата и ќе ги потврдуваат законите на рефередуми.

„Време е да престанеме да се плашиме од одлуките на граѓаните, иако ни тие не се непогрешливи“, изјави Ципрас во телевизиското обраќање.

Грција мора да биде секуларна држава иако православието е мнозинска вера во таа земја. Ципрас најави дека во земјата ќе бидат формирани работни групи на кои ќе се разгледуваат овие прашања кои во април наредната година ќе поднесат извештај за предлозите на граѓаните за новиот Устав.

Претседателот на Грција се избира во Парламентот, а сите избрани функционери положуваат заклетва пред раководството на Грчката православна црква. Ципрас и членовите на Владата од неговата партија при изборот на учествуваа во овој ритуал, декларирајќи се како атеисти.