HomeДЕНЕШНАРегионКомунален проблем предизвика остри препукувања меѓу Атина и Тирана

Комунален проблем предизвика остри препукувања меѓу Атина и Тирана

himara-albanija-1

Албанија и Грција со остар тон си префрлија за случувањата во Химара, а разменија и неколку историски „подучувања“. Жителите на Химара, град во Југозападна Албанија, минатата недела протестираа против намерата да им се урнат куќите за да се изгради булевар.

Протестите ги поддржа и грчкото министерство за надворешни работи, кое преку декларација побараа албанските власти да се консултират со сопствениците на куќи пред тие да се урнат. Во декларацијата се вели дека „заштитата на правата на сопственост, особено на правата на малцинствата, се важни критериуми од петте услови поставени од ЕУ, за почеток на преговори со Албанија за членство во Унијата“.

Албанскиот премиер Еди Рама на својата лична фејсбук-страница напиша дека тоа што грчкиот јазик често се зборува во Химара не ја прави областа грчка провинција. Тој објави резба што ја прикажува Атина во 1670 година и напиша: „Оваа резба нè потсетува, меѓу другото, дека тоа што Акропол сè уште стои како споменик на човештвото и цивилизацијата е благодарение на визијата на албанскиот архиепископ на Атина Ѓерѓ Душмани, кој во 1686 преговарал со Франческо Моросини од Венецијанската флота да не го бомбардира градот…

Таквата приказна за еден град во кој некогаш, според доказите и историчарите, главно се зборувал албанскиот јазик не значи дека тој е апсолутно албански град. Следствено на тоа, иако Химара ја сметале за дел од грчкиот архипелаг, а грчкиот јазик бил главен јазик на Истокот преку поморската размена и блискиот и плоден соживот, тоа не ја прави неа апсолутно грчка провинција“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com