Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКомисијата за надзор на прислушкување не може без опозиционери

Комисијата за надзор на прислушкување не може без опозиционери

Денеска се одржа седница на Собраниската комисија за надзор на прислушкувањето од институциите од извршната власт, но иако е определен член од опозицијата преку пратеничката Солза Грчева, не може да се носат заклучоци и одлуки без присуство на опозиционерите бидејќи прописите налагаат нејзин претседавач, како и мнозинство на членови да бидат од редовите на парламентарната опозиција.

„Не може Комисија во која е одредено опозицијата да претседава, но која еве не е присутна да претседава, но и мнозинството гласови треба да дојдат од опозицијата, а ДПА ја нема. Значи станува збор за тоа дека ќе се води фудбалски натпревар без еден тим и ние ќе си даваме голови еден на друг“, изјави Солза Грчева.

Засега улогата на претседавач ја има пратеникот Павле Саздов кој бил назначен од Трајко Велјановски, претседателот на Собранието, но тој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нема полноправен статус. Солза Грчева дополнително оцени дека одредени процеси во комисијата може да започнат но, притоа треба да се почитуваат препораките на Брисел испратени преку Прибе за намалување на влијанието на владеачката партија во институциите.

Сите се согласуваат дека надзорните тела во Собранието треба да бидат контролен механизам кој исто така ќе може да го користи парламентарната опозиција за контрола над извршната власт, а Талат Џафери од ДУИ даде предлог додека СДСМ и нејзините коалициони партнери не се вратат составот да биде дополнет со надворешни и независни експерти и да се усогласат правните и техничките детали.