Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКомисијата за импичмент ќе функционира како политичка фарса

Комисијата за импичмент ќе функционира како политичка фарса

За денес е закажана првата седница на Комисијата за импичмент на претседателот Иванов, но со оглед на тоа што 6 од 11 пратеници, меѓу кои и самиот претседател на ова тело се од ВМР-ДПМНЕ од опозицијата обвинуваат за целосна политичка фарса и поведоа постапка пред Уставниот суд за нејзино оценување. Токму затоа незвесно е дали членовите предложени од СДСМ ќе учествуваат во нејзината работа.

Самиот потег на надгласување во комисијата која само треба да донесе извештај дали воопшто да се поведе постапка за одговорност на Иванов е грубо наметнување на волјата на владејачката партија, бидејќи и да дојде до гласање потребно е двотретинско мнозинство кое СДСМ заедно со ДУИ го нема во Собранието, па во секој случај претседателот Иванов е безбеден бидејќи неговите партиски поддржувачи сигурно нема да гласаат против него.