Friday, Apr 19, 2024
HomeИздвојуваме„Комбанк арена“ ќе гори со Боби Мојсовски, ,, X фактор’’ финале

„Комбанк арена“ ќе гори со Боби Мојсовски, ,, X фактор’’ финале

Големото финале на регионалното шоу ,,X фактор” ќе се случува вечерва во 21 часот. И годинава до крај стигна само еден Македонец. Сите надежи ги вложуваме во Боби Мојсоски. Како да се повторува истата приказна од минатата година. Во финале на реномирано шоу имаме музичар кој на домашен терен не бил доволно забележан од стручната музичка јавност.

xfactor ziti

Што се однесува до самото шоу, изминатиов период имавме можност да запознаеме многу изведувачи, специфични вокали и музички профили кои треба да го најдат своето место под музичкото небо. Членовите на жирито во состав: Александра Ковач, Жељко Јоксимович, Тончи Хуљич и Масимо Савиќ беа добри ментори, го развиваа талентот на кандидатите и го насочуваа нивниот потенцијал во вистински правец. Сега се е во рацете на публиката. Всушност, тоа е и најважниот но и најнемилосрден суд. Стручното жири вечерва ќе има право само да пее.Честа да ја отвори вечерта ќе му припадне на Жељко Јоксимовиќ со темата    „Рањена звер“, која го најавува неговиот нов албум.

Преку песна, Александра Ковач ќе ги праша сите свои момчиња на кои им беше ментор ‘’Дали некад сањаш сан”

xfaktor-zaednicka - Copy

Тончи Хуљиќ со својот бенд „Мадре бадеша“ сними нова песна насловена „Фуман“, во која гостува неговиот колегата Масимо Савиќ , истата вечерва ќе биде изведена на ,,X фактор” . Свој настап вечерва ќе има и Јелена Розга, а ексклузивен гостин во    „Комбанк арена“ е Џејмс Артур.

За победа на ,,X фактор’’ се борат : Амел Чуриќ, Боби Мојсоски, Ива Ќуриќ, Магдалена Богиќ, 9 Control и „Хајуеј трио”.

Финалето на најголемото регионално шоу, ќе се емитува од 21 часот на Тв Сител. Стискаме палци за Боби Мојскоски