HomeИЗДВОЈУВАМЕ(Колумна) Просечен Македонец

(Колумна) Просечен Македонец

“Просечниот” Македонец кој патем е лидер на партијата на власт, во продолжението на неговото популистичко лудило каде што тој преку неговиот Ајфон во едно медиумско реалити шоу глуми дека ги решава проблемите на со него “еднаквите” просечни македонски граѓани, што всушност претставува само една убава меѓутоа лажна слика, лажна приказна во која македонскиот граѓанин веруваше изминативе десет години. Реалноста е сосема поинаква, полна со проблеми кои остануваат остануваат да се таложат со години, и кои го прават животот на обичниот граѓанин од ден на ден се потежок и потежок.

gruevski_stajkovci_vecer

И додека “просечниот” Македонец ја ори Македонија, збирајќи нови гласови за политичко преживување, грозјето на излажаниот земјоделец скапува на нивите и пунктовите. И после десет години апсолутна власт на централно и локално ниво, нашата несреќа од градоначалник виновникот за овој проблем го најде кај опозицијата, факинг анбливбл. Тоа што за целиот овој десетгодишен период не е пронајдено ефикасно решение на овој проблем кој патем не е од вчера, туку се влечи со години наназад, за тоа му е крива опозицијата. Па можеби опозицијата и е крива, во зависност само од кој аспект гледате на работите. Ако тој смета дека опозицијата е виновна затоа што досега не успеа да го направи пресвртот и неспособните владини функционери да ги прати во политичка пензија, тогаш е целосно во право. Браво Александре!

Веројатно опиен од убавата глетка на барокното, античкото и какво се не лудило во центарот на Скопје, посебно поради големиот “Воин на Коњ” кој воедно е негов имењак, нашиот градоначалник наместо да бара решенија од ресиорното министерство за проблемот со откупот на грозје, одлучи да ја насочи својата енергија кон многу “поважните” прашања кои ги тангираат граѓаните на Општина Кавадарци, како што е преименувањето на плоштадот. И да крива му е опозицијата на наш Александре.

Има една убава стара наша поговорка која вели: „лекот вреди пет пари, али треба да го знаеш”. Овие токмаци единствено нешто што научија во изминативе десет години се кражбата и местенките, без разлика дали станува збор за крадење на избори, на народни пари, местење на тендери, судски случаи и сл. Овие токмаци во изминативе десет години не успеаа да го научат,а и воедно не сакаат да го чујат од како што велат тие “безидејната” опозиција, лекот на проблемот кој еднаш засекогаш ќе ги реши главоболките на илјадниците земјоделци.

grozje

Не треба да бидете многу паметни, треба само добро да набљудувате. Погледнете ја само поставеноста на системот во Европска Унија по прашање на земјоделието. Имено преку посебно формирани државни тела се врши реулирање на вишокот на земјоделските производи, при што автоматски се влијае и врз нивната цената. Овие тела ја утврдуваат минималната цена на секој земјоделски продукт. Во состојба кога пазарната цена е под онаа минималната, односно кога на пазарот се појавува вишок на одреден земјоделски продукт, државните тела ги откупуваат земјоделските продукти по минималната утврдена цена, се до оној момент додека пазарната цена е пониска од минималната. Овој систем на државна интервенција во земјоделието е потребен и кај нас, поради фактот што станува збор за гранка во која цените можат значително да флуктуираат од година во година, и поради фактот што ова е гранката од која се храни цела една нација. Субвенциите кои Европска Унија им ги доделува на нивните земјоделци се наменети пред се за модернизирање на опремата и унапредување на процесот на производство на земјоделски продукти, а не за крпење крај со крај како што е во случајот кај нашите земјоделци. И покрај сите дадени субвенции, резултатите во македонското земјоделие се катастрофални. Од година во година во година нашиот увоз на храна е се поголем и поголем. Од година во година обработливите површини во Македонија има се помалку и помалку.

На овој измачен, угнетен , сиромав земјоделец преку глава му е од празна реторика во која на крајот од денот тој останува оној изиграниот, на работ на својата егзистенција, додека истовремено една мала група на луѓе трупа големо богатство на нивната мака. Меѓутоа како и би било поинаку кога неколкумина “претставници” (во конкретниот случај на лозарите) ги продаваат интересите на оние кои ги застапуваат за нивна минорна лична корист, и кога власта место да го штити послабиот, се става во одбрана на посилниот . Потребни се системски долгорочни решенија на проблемот. Се останато ќе значи само ново привремено залажување и продолжување на голготата на веќе така сиромавиот земјоделец.

Автор: Вуко Мелов

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com