HomeАНТИСТРЕСШтосноКолумбијка на 99 години стана американски државјанин!

Колумбијка на 99 години стана американски државјанин!

Америка Марија Хернандес е 99-годишна Колумбијка стана државјанин на САД откако ја положила заклетвата во својот дом во Њујорк. Насмеана и среќна, Хернандес во средата, во друштво на своето семејство, потпиша документ за државјанство и положи заклетва за време на церемонијата во дневната соба во својата куќа во њујоршки четврти Квинс.

Колумбијката е родена во октомври 1917 година, а ќерката ја довела во САД во 1988 година. Родила 12 деца, а сега има 22 внуци и 12 правнуци. Веќе со децении имала зелена карта, но кога последен пат требало да ја обнови, таа одлучила наместо тоа да стане американски државјанин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com