HomeДЕНЕШНАСветКолумбија тргната од нобеловата листа откако „го отфрли мирот“ на референдум

Колумбија тргната од нобеловата листа откако „го отфрли мирот“ на референдум

Колумбија е тргната од листата на фаворити за Нобеловата награда за мир, откако вчера Колумбијците на референдум гласаа против спогодбата со која ќе се заврши 52-годишната војна со марксистичките бунтовници во оваа јужноамериканска држава. Британските медиуми пренесуваат дека шефот на Институтот за истражување на мирот, Кристиан Берг Харпвикен, на новинарите им нагласил дека „Колумбија е отстранета од која било кредибилна листа“.

Колумбијците го отфрлија договорот за завршување на полувековниот судир на Владата и бунтовничката група Револуционерни вооружени сили (ФАРК). Резултите од обработени 99 проценти од гласовите покажуваат дека 50,24 % се изјасниле против договорот, додека 49,75 процети ЗА. Анкетите предвидуваа лесна победа за опцијата за ратификација на спогодбата.

Колумбиската Влада и бунтовниците минатата недела потпишаа историски мировен договор, со кој и официјално го завршија полувековниот судир во кој досега се убиени стотици илјади луѓе. Договорот на церемонија во Картахена, град на карипскиот брег на Колумбија, го потпишаа претседателот Хуан Мануел Сантос и лидерот на ФАРК Тимолеон Хименес, познат како Тимошенко.

Договорот го потпишаа со пенкало направено од куршум. На чинот присуствуваа 2.500 странски функционери. Договорот е на 297 страници и во него се наведува дека тој мора да биде ратифукуван на референдум на 2 октомври. По ова, бунтовниците треба да го предадат оружјето на надгледувачите под закрила на ОН во наредните шест месеци додека да формираат политичка партија. Според договорот ФАРК ќе имаат загарантирани 10 места во Парламентот.

Во досегашните судири во земјата загинаа на д 220.000 луѓе, додека милиони беа приморани да ги напуштат домовите. Договорот следи по четиригодипни преговори кои во повеќе наврати беа на граница на прекин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com