HomeДЕНЕШНАСветКолку траеше нападот во Ница, Французите ја кријат вистината?

Колку траеше нападот во Ница, Французите ја кријат вистината?

Напаѓачот кој во јули во Ница со камион усмрти 86 лица не го сопрела полицијата, навеле аналитичари во емисијата на француската телевизија „TMC“. Прифатената верзија од злосторството веќе речиси сигурно е побиена за време на емитувањето на емисијата на каналот „TMC“. Во емисијата новинарот Азедин Ахмед Чауш што се случувало за време на нападот на 15 јули. Според овие сознание, полицијата не го сопрела камионот туку тој сам закочил.

Овае потполно спротивно од она што го објави француското Министерство за надворешни работи кое наведе дека безбедносните сили го спречиле овој смртоносен напад. „Во 22 часот, 35 минути и 46 секунди е забележано како камионот кочи. Тој не продолжил да вози“, изјавил новинарот. Во часовите после нападот претседателот на регионалниот совет на провнцијата Коте де Азур, Кристијан Естроси навел дека од моментот кога возачот влегол во камионот во забранетата зона до моментот кога тој бил убиен поминале 45 секунди.

Меѓутоа, во емисијата е пренесено дека според безбедносните камери возењето на камионот траело 4 минути и 17 секунди. На снимката исто така се гледа дека само едно полициско возило се наоѓало во близина, што ги потврдуваат поранешните тврдења на весникот „Liberation“. Новите детали предизвикаа негодување во јавноста, а многу повикаа на оставка на локалните власти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com