Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимКолку протеини треба да внесете за здрава мускулна маса?

Колку протеини треба да внесете за здрава мускулна маса?

Протеините се важни органски соединенија на клетките – индиректно во целиот организам. Секој човек како индивидуа има одреден број на протеин кој треба да го прими во текот на денот за да одржува здрава мускулна маса.

Протеинот може да го поделиме на две поголеми категории – животински и растителен. Животинскиот го има во месото и млечните производи а растителниот пред се во семчаните плодови (грав, грашок, леќа, боранија….) и во апетисаните (бадеми,лешници,соја….) Идеален внес би претставувало 50-50% од двата вида, меѓутоа не повеќе од 30 грама за лица кои не практикуваат да вежбаат минимум 90 минути дневно. Внес над 30 грама протеин нема да се абсорбира доколку сте физички неактивни и преку сложен процес ќе се претвори во масти. Висок внес на протеин може да предизвика проблеми со бубрезите и ова е чест проблем кај лицата кои се занимваат со бодибилдинг.
protein
Напоменавме дека голем внес на протеин преку сложен процес прераснува во масти доколку немаме или имаме слаба физичка активност. И протеинот како и мастите се гориво за телото меѓутоа протеинот е далеку поквалитетна храна за клетките, додека пак мастите се лесно складливи. Нашиот организам има вградено “аларм” кога нема да внесе храна доволно често. За да може да ги одржи сите функции почнува да влече од протеинот во нашите мускули и на тој начин губиме од здрава мускулна маса а таложиме на масти. Од друга страна пак доколку го храниме често ја задржуваме мускулната маса а телото нема потреба да складира масти.

Пред да почнете да распоредувате протеин правилно по вашите оброци морате да запазите каков протеин е истиот. Протеинот што би го внеле со јадење на четврт бурек со сирење и тој што би го внеле со јадење на свежо – фабрички необработено сирење нормално не е ист. Бирајте што понеобработена – сирова храна која ги задржува своите нутритивни вредности пред да се консумира. За крај во прилог може да погледнете табела во која има измерено протеински вредности за некои хранливи продукти.
tabela
tabela1
tabela2
tabela3