HomeДЕНЕШНАПолитикаКолку пратеници ќе добие дијаспората, сите се надеваат на Европа

Колку пратеници ќе добие дијаспората, сите се надеваат на Европа

makedoncite-od-dijasporata-1700adb5_201441516022

Политичките партии ќе водат голема трка и за освојување на гласачите од дијаспората кои според податоците на ДИК ги има најмногу од Европа, а не од Австралија како на минатите избори, но нивниот број најверојатно ќе биде доволен само за двајца пратеници со оглед на минималниот цензус.

Рамазан Мифтароски од ВМРО-ДПМНЕ може да влезе во Собрание како пратеник од дијаспората, а за ДУИ трча Џевдет Спахиу, додека СДСМ излезе со нивниот претседател на партиската организација од Локарно, Швајцарија.

Мифтароски е нашинец од Венеција, Италија, а покрај него на листата на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората се и Зоран Стојановски и Славица Галевска-Милчиноска.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги интензивираа контактите со иселениците пред почетокот на изборната кампања, а може да се надеваат на двајца пратеници од дијаспората и покрај високиот праг за избор од околу 6.500 гласови за едно место.

Имено, според податоците од ДИК, од дијаспората се пријавиле околу 18.700 потенцијални гласачи, што значи дека иселениците најмногу да се надеваат на двајца пратеници, додека за третиот малку е веројатно дека ќе ги собере потребните гласачи.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com