Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКолку ќе нè чини реновирањето на Собранието?

Колку ќе нè чини реновирањето на Собранието?

Речиси две недели по крвавиот упад на демонстрантите во Собранието, сè уште нема конкретна проценка на штетата. Секретарот на законодавниот дом, Жарко Денковски, вели дека постапката сè уште не е ниту започната, а не соопшти кога и кој ќе ја изврши. Тој ги демнатираше и информациите дека ноќта на 27 април во Собранието биле украдени артефакти и вредни слики.

Во меѓувреме, некои правници сугерираат проценката да ја извршат собраниските служби. Адвокатот, Оливер Вуксановиќ за Алсат- М изјавил дека штетата предизвикана во Собранието е кривично дело, а одговорност треба да понесат организаторите на демонстрациите.

За потсетување, минатата година, кога Шарената револуција ја демолираше канцеларијата на Претседателот Иванов, штетата беше експресно процената, а сторителите фатени, а во Основниот суд, се води постапка против пратеникот Павле Богоевски за оштетување на фасадата на Министерстото за култура.