Tuesday, Mar 19, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонКолку ќе достигне просечната цена на iPhone годинава?

Колку ќе достигне просечната цена на iPhone годинава?

Со најновиот модел iPhone 8 годинава, Apple значително ја подигнува просечната цена на своите смартфони. Со осмицата Apple сака да направи пресврт годинава, со тоа што додава спектакуларна функција за проширена реалност (AR), по повод 10 годишниот јубилеј од првиот презентиран iPhone во модерното време.

Цената на iPhone 8 ќе достигне до неверојатни 1.000 долари, затоа што ќе има подобрен OLED екран исто така, безжично полнење, 3D камера и други софтверски подобрувања. Тоа според очекувањата генерално ќе ја подигне цената до 753 долари за iPhonе во 2018 година.