HomeСТУДЕНТУМКолеџ во Канада ќе ги учи студентите да одгледуваат марихуана

Колеџ во Канада ќе ги учи студентите да одгледуваат марихуана

Канадски колеџ одлучи да организира курс за одгледување марихуана, за студентите да ги подготви за работа во локалните компании кои ја произведуваат. Курсот на франкофонскиот колеџ Communautaire du Nouveau-Brunswick во канадската покраина Њу Бранзвик ќе започне да со одржува следана година, вели раководителот на програмата за континуирано образование, Мишел Дусе.

Канадскиот либерален премиер Џастин Трудо минатата година во кампањата вети дела ќе ка легализира марихуаната за рекреативни цели и владата најави дека предлог законот од оваа област ќе го поднесе во пролетта 2017 година.

Марихуаната која се користи како терапија е легална во Канада. Во август годинава, покраинската влада на Њу Бранзвик, колеџ кој има пет кампуси, соопшти дека инвестира 4 милиони канадски долари, околу 3,3 милиони долари, во медицинска марихуана што треба да создаде 208 работни места во локалните компании.

Покраината Њу Бранзвик, со околу 750.000 жители е со слаба економија, што предизвикува миграција кон побогатите покраини, ткн одлив на мозоци и намалување на населениото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com