Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманКоктели кои не треба да ги нарачувате

Коктели кои не треба да ги нарачувате

Кога нарачуваме коктел во некој локал обично не се сомневаме во квалитетот. Сепак, постојат коктели кои келнерите не би ги препорачале.

1. Мимоза
Иако овој коктел од два вида состојки е исклучително популарен на неделните ручеци кои почнуваат околу пладне, можеби би требало да го прескокнете. Оригиналниот рецепт наложува спој на сок од портокал и шампањско, а на повеќето места наместо тоа добивате евтино пенливо вино кое нема вистински вкус.
mimoza
2. Пијалаци кои завршуваат на ‘тини
Кога нарачувате мартини добивате совршен спој на џин и вермут и по некојa маслинка. Кога нарачувате аплетини, во препознатлива чаша ќе ви налеат малку водка со сок од јаболко. Во светот се популарни тие верзии на „мартини“ и со друго овошје, кои, всушност, немаат никаква врска со оригиналниот коктел. Подобро нарачајте нешто друго.
martini
3. Рум-кола
Рум-кола е вечна класика која се пие веќе неколку децении. Но, треба да имате на ум дека румот е алкохол со голем процент на шеќер, кој кога се меша со шеќерни газирани пијалаци како кола, станува премногу сладок и сосема нездрав. Ако сакате да експериментирате, пробајте „Dark&Stormy“ – комбинација на темен рум и пиво од ѓумбир.
rumkola