Кокино предизвикува најголем интерес кај странците
Мегалитската опсерваторија Кокино предизвикува огромен интерес кај странците. Управата за културно наследство во октомври ќе ги презентира македонските знаменитости на саеми во Франција и Италија.
Искуството од ланското претставување вели дека странците најголем интерес пројавиле за Кокино, како и за средновековната црква Св. Ѓорѓи во старо Нагоричане. Оваа година на реномираните европски саеми ќе бидат претставени цркви, манастири, скопското и тетовското кале, Стоби, Хераклеа и други значајни локалитети.