Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКоја е најслушаната песна за ова лето?

Која е најслушаната песна за ова лето?

Популарниот сервис за стриминг на музика „Спотифај“ објави дека нумерата „One Dance“ на канадскиот рапер Дрејк е најслушана песна во текот на ова лето. Откако беше објавена во април оваа година, песната „One Dance“ корисниците на „Спотифај“ ја преслушале 757 милиони пати.

Дрејк не сними спот за споменатата нумера, а дури не постои ниту официјална аудио-верзија на „Youtube“. Покрај тоа, „One Dance“ со недели беше на врвот на топ-листите од двете страни на атлантикот.

Второто место и припадна на Ријана со Калвин Харис и нумерата „This Is What You Came For“, додека на третот место се најде Сија со песната „Cheap Thrills“.

Најслушаните песни за ова лето се одредени врз основа на најслушаните нумери на наведената музичка платформа во периодот меѓу 1 јуни 2016 и 31 август оваа година.