Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКој е терористот што го нападна Лондон?

Кој е терористот што го нападна Лондон?

Осомничениот за терористичкиот чин во Лондон најверојатно се вика Абу Изадин според британски Индипендент, соопштува ТАСС. Тревор Ричард Брукс, познат и како Абу Изадин е роден на 18 април 1975 година. Во 2006 година е суден за ширење на тероризам и е прогласен за виновен две години подоцна. Во 2009 година влегува во затвор за четири и пол години. Брукс е познат по тоа што бил портпарол на исламистичката милитантна организација „Ал Гураба“.

Според информација на израелскиот „Канал 1“, во блиското минато тој правел обиди да се приклучи кон „Исламска држава“. Во 2008 година Абу бил во затвор, бидејќи повикувал за напади во Велика Британија и САД. Исто така тој собирал средства за терористички групи, како „Ал Мухаџирун“.

Според информација на весникот Гардијан, Брукс се радикализирал додека бил само на 17 години, кога се сретнал со познатите во Британија исламистички проповедници Омар Бакр Мухамед и Абу Хамза. По професија терористот е електричар. Оженет е, има три деца. Последен пат е забележан во ноември 2015 година, кога бил уапсен од унгарската полиција во воз кој патувал за Букурешт, Романија, бидејќи не можел да биде идентификуван. Информации за него има и во Шенгенскиот информациски систем за безбедност.