Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКој е директор на О.У „11-ти Октомври“, ќе утврдуваат просветните инспектори

Кој е директор на О.У „11-ти Октомври“, ќе утврдуваат просветните инспектори

Денеска документацијата во ова скопски училиште беше тема на интерес на просветните инспектори дојдени во мисија да откријат кој, всушност, е легитимер директор на училиштето, и како се одвива наставата откако за нов в.д дриектор од општината Центар беше назначен Васко Лазаревски, досегашен наставник во училиштето.

Досегашната директорка Даниела Костадинова, видно нервозна, вели дека поднела претставка до Просветниот инспекторат за да се утврди надлежноста за менаџирањето со училиштето. В.Д директорот Лазаревски, пак, вели дека тој е валиден директор и ја има сета потребна документација.

Настанвиците се во недоумица, велат, не знаат пред кој директор треба да одговараат за својата работа.

Се огласи и министерот за образование, Адеми, кој за легитимен директор ја смета разрешената Костадинова, иако не бил целосно запознаен дали е испочитувана целата процедура. Тој очекува инспекциските служби да ја разрешат дилемата.

 Костадинова беше разрешена по индикациите за труење на учениците изминатиот месец, и по интензивниот притисок од страна на родителите кои се жалат од работата на директорката, која ја обвинија за нереализација на хигиенски стандарди и основни услови за работење во училиштето.

Разрешената директорка не ја почитува одлуката на Жерновски, градоначалник на Центар, одбива да се повлече од фотењата, а родителите ги обвини за партиски пристрасни.


Н.С