Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКој е Џеф Вилијамс, новиот шеф на операции на Apple

Кој е Џеф Вилијамс, новиот шеф на операции на Apple

Јавноста речиси и воопшто да не е запознаена со Џеф Вилијамс, еден од долгогодишните директори во Apple кој доби унапредување од Тим Кук и ја доби титулата шеф на операции како негова главна десна рака во управување со компанијата. Вилијамс е нарекуван интерно клонот на Тим Кук бидејќи и двајцата се инжинери, а имаат и бизнис диполома од престижниот Дјук Универзитет.

jeff williams and tim cook

Џеф Вилијамс ретко се појавуваше на јавните настапи на Apple се до неодамна кога ги претстави фитнес и здравствените функции на Apple Kit програмата. Тој доаѓа на важна функција во време кога Apple има голем предизвик да го задржи огромниот профит, а инвеститорите се нетрпеливи компанијата да почне да освојува нови области и да не зависи само од продажбата на iPhone смартфоните.

Тим Кук за Вилијамс има изјавено дека е еден од најефикасните оперативци на Apple и дека има огромна доверба во неговите способности. Аналитичарите блиски до Apple прогнозираат дека Џеф Вилијамс ќе биде задолжен за автономното електрично возило Apple Car, а еден ден има шанси да стане и главен извршен директор.

Извор: telefoni.ml