Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКои сообраќајници се затворени, а каде треба да се посвети повеќе внимание?

Кои сообраќајници се затворени, а каде треба да се посвети повеќе внимание?

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Од АМСМ најавуваат дека денеска (Вторник) поради изведување работи на пат (минирање), на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 12.00-14.00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 18.11.2015 година извршена е времена измена на режимот за сообраќај на автопатот А1/Е-75 (Велес – Скопје), на излез од тунелот Катланово затворена е за сообраќај десната лента, а сообраќајот се одвива по левата лента.

Поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце во периодот од 29.10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај . Предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3 делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

„Позитив.мк“ и АМСМ ви посакуваат пријатно возење и среќен пат!