HomeДЕНЕШНАПолитикаКои се носителите на листите на ВМРО- ДПМНЕ?

Кои се носителите на листите на ВМРО- ДПМНЕ?

vmro-dpmne-zname

ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна вечерва и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок.

Носител на првата изборна единица е министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Двојката ќе ја предводи министерот за здравство, Никола Тодоров. Во третата изборна единица носител е пратеникот Илија Димовски. На чело на четворката ќе застане лидерот на партијата Никола Груевски, каде ќе ги одмери силите со својот политички опонент Зоран Заев. Петтата изборна единица ќе ја предводи Антонио Милошоски, а во шестката носител е Влатко Ѓорчев.

На полноќ завршува рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици, а до Државната изборна комисија до 20 часот вечерва кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднеле партиите ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда. Околу 22 часот и опозициската коалиција предводена од СДСМ и ДУИ ги доставија листите со кандидати за пратеници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com