Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКои се најплатените играчи на претстојното ЕП?

Кои се најплатените играчи на претстојното ЕП?

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ се дефинитивно најплатените фудбалери на претстојното Европско првенство.

Според податоците од магазинот „Франс Фудбал“, Португалецот заработува вкупно 67,4 милиони евра или двојно повеќе од Златан Ибрахимовиќ кој заработува 28,5 милиони евра. На третото место е Велшанецот Герет Бејл со заработка од 25 милиони евра.

Натпреварувањата во Франција започнуваат на 10 јуни, со натпреварот помеѓу Франција и Романија со почеток од 21.00 часот.