Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКои се најголемите загадувачи на воздухот – ќе дознаеме во април

Кои се најголемите загадувачи на воздухот – ќе дознаеме во април

Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и Австрија започна проект, со чија реализација ќе се дознаат факторите кои придонесуваат за аерозагадувањето и колкаво е нивното учество во загадувањето на амбиенталниот воздух. Проектот е започнат уште во мај минатата година кога на повеќе локации во Тетово и Скопје се поставени филтри каде ќе се апсорбираат штетните материи од воздухот – пренесе Мета.

– Во април годинава филтрите ќе се однесат на хемиска анализа во Финска и Австрија. Таму ќе се утврдува потеклото на штетните материи. Па така нема да има шпекулации. Врз основа на анализата на штетните честитки односно нивното потекло, ќе се знае колку влијае индустријата, колку влијае сообраќајот или начинот на греење врз аерозагадувањето – изјави Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

И покрај тоа што комбинатот Југохром не работи 10 дена, воздухот во Тетово синоќа беше загаден за 10 пати повеќе од дозволената вредност.

Вработените од комбинатот сметаат дека властите требало одамна да направат испитувања за причинителите за аерозагадувањето. Така според нив би се утврдило дека Југохром не е голем загадувач и фабриката, која е единствен извор за егзистенција на жителите од овиј крај, би продолжила да работи.

– Сега што направија, ја затворија фабриката бадијала, а воздухот во Тетово и понатака е екстремно загаден. Ние тука кои живееме во општина Јегуновце сме поврзани со Југохром. Поголемиот дел работат, некои ги пласираат земјоделските производи во фабриката. Тука, угостителските и трговските објекти работат поради фабриката, локалната самоуправа има корист од фабриката. Ако не го отворат до март Југохром, најверојатно ќе мора да се иселиме оттука. Друга работа тука нема – вели жител на Јегуновце.

Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да работат до крајот на февруари поради состојбата со загадениот воздух, која во овој период од годината е најалармантна.

Преку присмено соопштение од фабриката информираа дека одлуката ја донеле доброволно, иако тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во Тетово.