HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКои се најдобро оценети фудбалери во петте најсилни лиги во Европа?

Кои се најдобро оценети фудбалери во петте најсилни лиги во Европа?

FC Barcelona's Neymar reacts during the Spanish La Liga soccer match between FC Barcelona and Malaga at the Camp Nou in Barcelona, Spain, Saturday, Nov. 19, 2016. (AP Photo/Manu Fernandez)

Сајтот whoscored.com направи листа од по три највисоко оценети фудбалери од петте најсилни лиги во светот. Да запчнеме со Премиер лигата, таму моментално најдобро оценет играч е Еден Азар со просечна оценка од 7.98, а после него на второ место е Филипе Кутињо со просечна оценка 7.85. Следи Алексис Санчез од Арсенал со 7.82. Во Примера најдобро оценет играч е Нејмар со просечна оценка 8.37 и е единствениот кој успеал да ја помине „осмицата“. После него следуваат Лионел Меси со 7.94 и Тони Крос со 7.89. Бејл и Роналдо се следи со оценки 7.84 и 7.77.

Серија А оваа година ни го претстави оној стариот Един Џеко, кој моментално е најдобар играч во лигата со просечна оценка од 8.08. После него е Фелипе Андерсон од Лацио со 7.97, а на третото место е Андреа Белоти со 7.88. Бундеслигата ни донесува до некаде изненадувачки резултати. Најдобро оценет играч до сега е Тиаго Алкантара со оценка од 7.88. Емил Форсберг од Лајпциг е на второто место со оценка од 7.76, а на третото место е Керем Демирбај од Хофенхајм со просечна оценка од 7.71.

Фудбалерот на Ница, Рикардо Переира е на прво место во француската Лига 1. Тој на 12 натпревари има просечна оценка од 7.76, додека Фабињо од Монако е на второто место со оценка од 7.65. Следува Оскар Тирехо од Аргентина со просечна оценка од 7.6.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com