HomeДЕНЕШНАСветКои се најбогатите претседатели во историјата на САД?

Кои се најбогатите претседатели во историјата на САД?

Не е познато со какво богатство располага Доналд Трамп, но според проценките на сајтот „24/7 Wall St“, тоа се движи околу три милијарди долари. Ако е тоа вистина и ако стане претседател, Трамп ќе биде најбогатиот лидер во историјата на САД. Ниту Хилари Клинтон не е сиромашна таа и нејзиниот сопруг имаат богатство од 75 милиони долари, што би ја ставило во листата од десет најбогати претседатели на САД, секако доколку биде избрана.

Сајтот „24/7 Wall St“ направи листа од 10 најбогати претседатели во историјата на САД:

1. Џорџ Вашингтон: 580 милиони долари

2. Томас Џеферсон: 234 милиони долари

3. Теодор Рузвелт: $ 138 милиони долари

4. Ендрју Џексон: 131 милиони долари

5. Џејмс Медисон: 112 милиони долари

6. Линдон Џонсон: 108 милиони долари

7. Херберт Хувер: 82 милиони долари

8. Бил Клинтон: 75 милиони долари

9. Френклин Рузвелт: 66 милиони долари

10. Џон Ф. Кенеди 1.1 милијарда долари (Сајтот наведува дека богатството на Џон Ф. Кенеди е незгодно за вакви проценки, бидејќи поголемиот дел од него е наследен. Сепак, бидејќи станува збор за огромен износ, заслужува да се најде на листата, но не како број 1).

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com