Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКои ќе бидат новите директори на УБК и БЈБ – Спасовски се уште размислува

Кои ќе бидат новите директори на УБК и БЈБ – Спасовски се уште размислува

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, сè уште не донел одлука кого ќе предложи за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а кого за Бирото за јавна безбедност.

– Сум размислувал и ќе размислувам за ова прашање и во наредните денови, а кога ќе донесам одлука, ќе ѝ ја соопштам на јавноста – рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната негова прва прес-конференција како министер за внатрешни работи во новата влада на премиерот Зоран Заев.

Инаку, УБК и БЈБ се најважните безбедносни институции, со кои во моментов раководат кадри поставени од претходната коалициска влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со УБК раководи Владимир Атанасовски, додека на чело на БЈБ формално сè уште е Митко Чавков, кој е посочен како еден од главните виновници за несоодветното и ненавремено дејствување на 27 април, кога при упад во Собранието беа нападнати пратеници, новинари и граѓани.