HomeДЕНЕШНАРепубликаКога може да го очекуваме првиот снег низ градовите

Кога може да го очекуваме првиот снег низ градовите

Метеоролозите веќе излегоа со првите најави за снег кој се очекува и низ градовите, освен на повисоките планински места. Веќе од следната недела треба да ги подгответе зимските чизми, ракавици и капи, затоа што од понеделник не очекува студена воздушна маса од север. Тој студен бран ќе донесе силен ветер и пад на температурите.

Понеделничкото попладне ќе биде клучно и ќе донесе врнежи кои на повисоките места ќе бидат од снег. Веќе во вторник снегот се очекува да тропне и на врата во пониските делови. Што се однесува до дневната температурата таа според најавите ќе се задржи околу нула степени Целзиусови .

Веќе од петок и викендот што е на повидок не очекува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Сепак викендов ќе биде релативно топло време, а маглата ќе се расчистува.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com