Tuesday, Mar 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКога имаш среќа да те нападне ајкула

Кога имаш среќа да те нападне ајкула

На Јуџин Фини нападот од ајкула нема да го памети како нешто трауматично и трагично искуство бидејќи имал среќа да биде „каснат“.

Додека бил на одмор со семејството во Калифорнија, нападот од ајкула кој не бил премногу тежок довел до негово префрлање во болница каде по направените прегледи било утврдено дека има тумор на бубрегот.

Самиот Јуџин признава дека нема навика да оди на систематски прегледи и, да не бил нападот од ајкулата, тој не би дознал за туморот навреме.