Thursday, May 25, 2017
HomeСТУДЕНТУМКога е вистинско време да го промените работното место

Кога е вистинско време да го промените работното место

RABOTA 2

Дури и ако сте задоволни од примањата, доколку чувствувате преголем стрес, притосок, непродуктивност во фирмата или пак не сте исполнети од работната позиција која  ја имате можеби и треба да размислите за промена на работното место. Еве неколку состојби кои што можат да ви укажат дека е време за професионална промена

RABOTA 1

Неможност за напредок

Најголема мотивација за секој вработен е можноста да напредува во интелектуална смисла, но и во смисла на позиција. Доколку работите во услови кои јасно ви укажуваат дека и покрај вашата посветеност и успешност не можете да напредувате или немате можност да научите нешто ново, време е среќата да си ја побарате на друго место

Немате желба да се посветите

Доколку работите затоа што ,,така мора” , а не сте вистински посветени и среќни  можеби е најдобро да дадете отказ. Кога работата станува напор, подобро е и за фирмата во која работите да ја напуштите работата и да барате нов предизвик

rabota 3

Сметате дека работната позиција ви е ,,под ниво”

Нема потреба од фрустрации, доколку сметате дека сте преквалификуваани нема  да почнете да се чувствувате добро колку време и да останете на таа работна позиција. Таквата фрустрација може да ви создаде и лоши односи со колегите. Најдете работа во која ќе се чувствувате почитувано.

Несогласувања со шефот

Доколку сметате дека шефот ве саботира, не ги прифаќа вашите идеи и ве спречува во успехот, тогаш работите во негативна атмосфера, имате неканализиран бес кој може да влијае на вашето психичко здравје. Наместо да анализирате зошто тоа ви се случува обидете се да најдете ново работно место.