Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКофинансирани специјализации за невработени и доктори кои не работат во ЈЗУ

Кофинансирани специјализации за невработени и доктори кои не работат во ЈЗУ

Министерството за здравство распиша Оглас за 100 кофинансирани специјализации за невработени и доктори кои не работат во јавни здравствени установи. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција објави дека најголем дел од специјализациите ќе бидат за доктори кои потоа ќе работат во болници во внатрешноста на земјата.

Тодоров изјави дека Министерството за здравство ќе кофинансира 20 до 80 проценти нивната сепцијализација и потоа ќе имаат загрантиран месечен надомест. . Особено ќе внимаваме на првата дипломирана генерација на студенти од Штипскиот универзитет, имајќи предвид дека овие веќе завршени доктори се од внатрешноста на Македонија од повеќе различни градови каде што имаме недостаток на специјалисти, се со цел да се надмине проблемот со недостаток на специјалисти во повеќе градови во земјата. Огласот ќе трае до 22 април и може да се пријават сите доктори со положен стручен испит и кои се невработени, односно не работат во ЈЗУ. – Овој оглас го правиме врз податоците кои ги имаме од Мој термин и упатувањето од една во друга здравствена установа, рече Тодоров.

Во најавата на Тодоров станува збор за седумдесетина доктори од првата генерација студенти од Штипскиот универзитет, кои Министерството ќе ги  контактира во текот на оваа недела.

Дваесет специјализации се за анестезиологија и, како што појасни Тодоров, во делот на интензивна нега односно КАРИЛ, каде што постојано има недостаток на ваков кадар. За педијатрија објавени се 12 специјализации од кои пет на Детската клиника во Скопје, како и 7 специјализации во општите болници во Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Охрид и Струга. Во областа на гастроентеропатологија објавени се 8 специјализации и тоа, покрај во клиничките болници Штип и Тетово, во општите болници во Куманово, Кичево, Струмица, Прилеп, Гостивар и Гевгелија.

Шест специјализации за нуклеарна медицина се објавени за зајакнување на кадарот во ПЕТ (2), Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина (3) и во Клиничката болница во Штип (1). Од областа на гинекологија и акушерство објавени се пет специјализации, две за Кавадарци, по една за Велес, Прилеп и Кочани. Објавени се специјализации и за поголем број други области, како неврологија, кардиологија, трауматологија, ендокринологија, ОРЛ, општа хиругија, дигестивна хирургија, инфективни болести, радиологија, ортопедија и други.