Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамKoenigsegg One:1 – Еден на еден

Koenigsegg One:1 – Еден на еден

Преработената Regera од мирување до 300 км/ч и повторно застанување, постигнува време од само 17:59 секунди, краток интервал кој може да го постигнат само супер спортисти од калибарот на McLaren P1, Ferrari LaFerrari или Porsche 918.

Шведската работилница во 12-годишното постоење има произведено вкупно 115 возила. Ама сите од ред брзи, многу брзи супер спортисти. Од One:1 се планирани само 7 единици. Сите се веќе продадени, по цена од 2.8 милиони долари. Плус данок. И тоа, уште пред да се произведат, на суво, без пробно возење и сопствени искуства. Причина за разграбувањето е повеќе од јасна: Koenigsegg One:1 остварува циклус 0-300-0 км/ч кој трае неполни 18 сек. (17:59). При тестирањето забрзувањето од 0 до 300км/ч изведено е за 11.92 секунди а успорувањето до 0 км/ч за 6.03 секунди.
6Тоа се тие податоци за забрзувањето и сопирањето, есенцијални за супер спортистите и вселенски недостижни за “обичните“ перформанс-возила. Инаку максимална брзина која може да се постигне поставена е над бројката 400. Таа зависи од патните услови,… и од амбициите на сопственикот за запишување во Гинис.

Податоците велат дека 5.0 литарскиот V8 мотор, кој несебично се помага од два двојни турбо полначи, испорачува 1.360 КС а вкупната тежина на возилото изнесува неверојатно ниски, 1.360 kg. Па според ова испаѓа дека една KС се грижи за движење на само 1 kg тежина. Значи еден-на еден, односно One:1! Пред возачот има инструменти кои ја покажуваат ангажираната силина (баждарена до 1.500 КС) и се разбира брзиномер. Кај него крајната бројка е 450 км/ч, за секој случај, нели?

Стариот војнички полигон во гратчето Ангелхорн, кој сега се користи како тестен полигон, со нетрпение ги очекува новите рекорди. Шведските инженери ангажирани во Koenigsegg не се задоволуваат со постигнатото – веќе е во подготовка хибридна изведба која ќе оди уште побргу! А да, и ќе троши помалку етанол Е85.

(извор):Повеќе фотографии погледнете на Autoinfo.mk